Има речиси 100 килограми, а носи т.н. „гол фустан“: Кралицата на навредите за многумина е вистински пример за самодоверба

Точка

06/12/2022

21:06

11.991

Големина на фонт

а а а

Кога ќе помислат дека никогаш тоа не би го направила таа ги демантира. Една од најконтроверзните манекенки, плус сајз моделот Ешли Греам и натаму не се огласува по повод навредите на сметка на своите килограми.

Напротив, таа со нив се гордее и воедно ги залага жените дека треба да го прифатат сопственото тело и да стекнат самодоверба.

Иако сите знаат колку се промовира природниот изглед, често голите фотографии на кои се истакнува целулит, стрии и сало се на мета на критики.


Ешли се појавила на доделувањето на Британските награди во Лондон. Облекла сатенски фустан со голем изрез од страна и сандали со отворени прсти.

Сите знаат дека целта на „голиот фустан“ е илузија на мокра облека која ги оцртува облините, а особено интимните делови од телото. Самодовербата дефинитивно е најмоќниот адут на оваа жена.

Таа често зборувала дека не ѝ пречи што има 90 килограми, но тоа не значи дека не добива навреди на социјалните мрежи.


Да ве потсетиме, убавицата минатата година признала дека и денес води фрустрирачки разговори за својот телесен изглед.

„Луѓето често ме прашуваат како успевам да имам толку многу самодоверба и го коментираат мојот стил на облекување. Тоа што го носам е конфекциски број 16 (американска величина), имам над 90 килограми и снимам кампањи за долна облека, не значи дека сакам постојано да водам разговори за тоа што е потребно да имам толку самодоверба.


Тоа што сум голема девојка, не значи дека морам непрекинато да водам вакви видови разговори. За мене тоа е малку шокантно затоа што истите прашања не им се поставуваат на слабите жени. На крај, навистина не е сè во изгледот. Понекогаш е тоа што се наоѓа во нас нешто на што треба да поработиме“, заклучила таа.

Ви се допаѓа ли ова модно издание на Ешли?



Спонзорирани линкови

Маркетинг