(Фото) Преживеал судир со Ферари при брзина од 300 километри на час

Точка

06/12/2022

19:31

5.478

Големина на фонт

а а а

Грешките за воланот може да бидат скапи, а само ретки имаат можност да преживеат ваква несреќа и да зборуваат за тоа.

При брзина од 300 км/ч секој возачки маневар е потенцијално опасен. Секое агресивно вртење на управувачот ќе резултира со фатална несреќа.

59-годишниот возач на „Ferrari“ во Германија имал невидена среќа и ќе има една од најинтересните животни приказни. Преживеал судир при 300 километри на час, а притоа не повредил ниеден друг учесник во сообраќајот.

Страшната несреќа се случила на „A9“ меѓу Минхен и Нирнберг. Возачот во текот на претекнување од неутврдена причина ја загубил контролата над возилото и удрил во заштитната ограда.

Автомобилот сопрел неколку стотина метри подалеку, а возачот бил само полесно повреден. Неговиот скапоцен „SF90 Stradale“ е целосно уништен. Штетата изнесува околу 450.000 евра.

Германските авто-пати се познати по тоа што на одредени делници нема ограничување на брзината, но кога ќе предизвикате судир, мора да докажете дека не го предизвикала голема брзина.

Грешките зад воланот може да бидат скапи, а само ретки имаат можност да преживеат ваква несреќа и да зборуваат за тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг