Тој е еден од најмоќните природни антибиотици: Четири групи на луѓе кои не треба да јадат лук – еве зошто

Точка

06/12/2022

19:17

15.921

Големина на фонт

а а а

Лукот е една од најздравите намирници, но сепак оваа група на луѓе треба да го избегнува.

Лукот содржи околу 400 активни состојки, богат е со витамини и минерали како што се аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамин Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, етерични масла, јод, калиум, калциум, селен, фосфор.

Меѓутоа, без оглед на неговите лековити својства, четири видови луѓе не треба да го консумираат.

Луѓе кои имаат низок притисок

Лукот го намалува крвниот притисок, па доколку имате сличен проблем би можело себеси да си направите „магарешка услуга“ консумирајќи ја оваа намирница.


Луѓето кои ги чека операција

Доколку во скоро време треба да правите хируршка интервенција, тогаш се препорачува да не јадете лук најмалку две седмици пред зафатот поради тоа што консумирањето лук би го продолжило крвавењето.

Луѓе кои имаат проблем со очите

Пациентите кои боледуваат од очни болести, особено оние со лоша здравствена состојба, исто така треба да го избегнуваат лукот.


Луѓето кои имаат проблеми со црниoт дроб

Некои соединенија во лукот можат да предизвикаат стимулација во жолчката и цревата, што може да инхибира секреција на дигестивниот сок во дигестивниот тракт.

Така се влијае на варењето на храната и ги влошувате симптомите на хепатитис, како мачнини.




Спонзорирани линкови

Маркетинг