(Фото) Токај – местото каде грозјето се претвора во „вино на кралевите“ е вистински магнет за туристите

Точка

06/12/2022

18:19

16.054

Големина на фонт

а а а

Винската традиција во Унгарија е долга над илјада години, па оваа држава може да се пофали со 22 вински подрачја кои се наоѓаат во шест големи вински региони.

Регионот Токај е популарен ширум светот, а според легендата, францускиот крал Луј XV е популарен „токаец“, односно го нарекувале „кралот на виното и вино на кралевите“.

Винскиот регион Токај им е добропознат на сите љубители на виното, а УНЕСКО во 2012 година го зеде под своја закрила.

Овој крај со 27 села и околу 6.000 хектари лозја и натаму носи единствени културни одлики и сведочи за долгата историја на правење на виното.


Едно од највпечатливите сведоштва на оваа традиција е за т.н. „хобитски“ куќички кои се наоѓаат во селото Херцегкут. Овие градби без прозорци на кои од брдото им наѕираат само триаголните камени влезови, всушност се вински подруми.

Германците кои се населиле во овој дел на Унгарија во XVIII век, ги изградиле или подобро кажано, ги „закопале“ во брдото Боршод.

Поголемиот дел од ходниците во подрумите се долги од 6 до 8 метри, а некогаш во овие подруми живееле цели семејства.


Денес во нив се чуваат едни од најдобрите вина на светот. Во овие куќички се случува најубавата винска бајка која грозјето го претвора во напиток на којшто му нема рамен на светот и за кој се пее и во унгарската химна.

Покрај виното, регионот Токај нуди и бројни знаменитости за љубителите на историјата и културата, а една од нив е и тврдината на планината Земплен.

Меѓу нив се истакнуваат ренесансни градби, како и неодамна обновената тврдина Физар, една од ретките која ја преживеала инвазијата на Монголите.


Спортските активности како што се веслање по Тиса, семејни авантуристички паркови, огромна зоолошка градина и многу бањи, даваат одлична можност за забава и опуштање во тој регион, а тие исто така привлекуваат голем број на туристи од светот.





Спонзорирани линкови

Маркетинг