Вечниот противник на Путин ги проживува најтешките затворски денови: Отруен со арсен и жива

Точка

06/12/2022

18:02

3.782

Големина на фонт

а а а

Затворениот поранешен претседател на Грузија, Михаил Сакашвили, е „отруен“ во притвор со тешки метали и му се заканува смрт без соодветно лекување, се наведува во медицинскиот извештај кој во понеделник го дистрибуирал неговиот правен тим.

54-годишниот Михаил Сакашвили е префрлен во болница минатата година по штрајкот со глад кој го имал 50 дена во знак на протест против своето затворање, кое групите за човекови права го осудиле како политички мотивирано.

Во извештајот кој го дистрибуирал неговиот правен тим, американскиот токсиколог Дејвид Смит рекол дека тестирањето открило присуство на тешки метали во телото на Сакашвили и дека симптомите кои ги има се последица од труење со тешки метали, пишува „Moscow Times“.

„Отровните агенси, вклучувајќи жива и арсен, се воведени откако тој е затворен“, изјавил Смит.


Авторите на извештајот од 28-ми ноември исто така рекле дека на Сакашвили му се давале штетни лекови без соодветен надзор.

„Зголемениот ризик од смрт е неизбежен без соодветно лекување, за кое се чини дека е ускратено или недостапно во Грузија“, рекол Смит.

Грузиските власти инсистираат да му се пружи соодветна медицинска нега. Друга независна лекарка, Мариан Јискариани, која го предводела лекарскиот совет кој го прегледувал, во понеделникот за „AFP“ рекла дека му е дијагностицирано оштетување на мозокот и неуроинтоксикација.


„Тој пати од низа сериозни болести, кои се неспоиви со неговото затворање, според грузиските закони“.

Тенгиз Тсуладзе, лекар од советот на лекари кој го основал грузискиот правобранител за човекови права, рекол дека „изгубил повеќе од 40 килограми во притвор“.

„Грузискиот медицински состав очигледно ги исцрпил сите расположливи средства за лекување на Сакашвили“, изјавил во неделата за независната ТВ станица „Формула ТВ“.


Сакашвили, основач на главната грузиска опозициска сила е осуден во отсуство за злоупотреба на позицијата и во 2018-та година осуден на шест години затвор. Затворен е во октомври 2021-ва година, неколку дена откако тајно се вратил од егзил во Украина.

Во октомври организацијата за заштита на човекови права на Советот на Европа повикала на ослободување на политички затвореници кои се противат на Путин во Руската Федерација и други земји, вклучувајќи го Михаел Сакашвили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг