Технологијата за развој на хуманоидни роботи веќе постои, но пред нејзината масовна примена треба да се задоволи еден услов

Точка

06/12/2022

17:21

10.433

Големина на фонт

а а а

Повеќе компании досега претставија хуманоидни роботи, а дека тоа е пазарот на иднината, верува и Илон Маск.

Колку сме далеку од хуманоидните роботи кои, со понатамошниот напредок на технологијата и вештачката интелигенција не само што ќе изгледаат и ќе се движат како луѓе, туку и со кои ќе можеме да разговараме како со луѓе од крв и месо? Одговорот на тоа прашање во моментов не може да се даде, но ако ги прашате луѓето од „Sony“, самата технологија за развој на хуманоидни роботи веќе постои, па таа јапонска компанија може да брзо да почне со развој на такви роботи.

Но, моментално проблем е тоа што никој не знае за што таквите роботи би можеле да се користат. Во поглед на технологијата, неколку компании во светот, вклучувајќи ја и оваа, акумулирале доволно технологии за да ги направат брзо кога нивната употреба ќе стане ветувачка, изјавил за „Reuters“ извршниот технолошки директор на „Sony“ Хироаки Китано и додал: „Клуч е развој на апликација“.


Досега повеќе компании претставиле хуманоидни роботи – „Honda“ веќе со децении развива свои роботи, „Sony“ го претстави роботското куче Аиба, а последните години се појавиле и неколку интересни и многу напредни хуманоидни роботи како „Ameca“ и „Sophia“.

Дека тоа е пазарот на иднината, верува и Илон Маск, чија „Tesla“ претстави сопствен хуманоиден робот. Плановите се, еднаш кога роботот за тоа ќе биде доволно способен, да ги замени луѓето во вршењето на здодевните и повторувачки работи, односно роботите да го прават тоа што луѓето не сакаат, а во еден момент и да станат домашни помошници кои вршат секојдневни домашни работи.


Освен за роботите, Китано во интервјуто зборувал и за метавeрсот и рекол дека неговата компанија одлично се позиционирала за да има голема улога на тој пазар. Имено, имаат искуство во аудио и видеотехнологијата и богата забавна содржина, а како што верува Китано, токму таа содржина ќе биде клучна за успех во виртуелните светови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг