Кралот Чарлс подготвен е да им прости сè на Хари и Меган, но под еден услов: Ова нешто би можело засекогаш да им ја затвори вратата од кралскиот двор

Точка

06/12/2022

17:40

7.784

Големина на фонт

а а а

Кралот Чарлс Трети подготвен е сè да им прости на Хари и Меган, но под еден услов. Дали ќе дојде до тоа, останува да видиме.

Документарната серија на „Netflix“ чии главни актери се Меган Маркл и принцот Хари, не престанува да ја тресе британската јавност, а познато е дека Хари со брат му Вилијам и кралот Чарлс поради изјавите во документарецот, како и во серијата е во лоши односи.

Серијата започнува да се емитува на осми декември, додека пак пред самиот почеток се појавија шпекулации.


Како што пренесуваат странските медиуми, кралот Чарлс Трети се надева дека тензиите ќе се смират, а односите ќе се поправат: „Кралот Чарлс којшто го сака својот син и како и секој родител е фрустриран и загрижен што неговите синови имаат толку комплициран однос“, пишува „Daily Express“.

Наводно, Чарлс не сака да го прекине односот со својот син и верува дека постои начин Меган и тој да се смират со кралското семејство и конечно да стават точка на скандалите.

„Кралското семејство се плаши од овој документарец, но се надева дека кога Хари и Меган ќе го кажат своето, ќе можат да подвлечат црта и да продолжат понатаму. Ова е многу вознемирувачко време. Секако се надеваме дека сè ќе се реши, зошто којзнае каде би нè однело сето тоа“, изјавил познавачот на настаните на дворецот и автор Филм Дампиер.


Споменатиот автор истакнал дека не е изненаден со наводната одлука на Чарлс да премине преку сè што направил неговиот син и да се смират.

„Сигурен сум дека е во ред што Чарлс ќе направи сè за да ја одржи врската со Хари, но постои граница. Кралот Чарлс на Хари би му простил речиси сè – освен доколку ја уништи репутацијата на Камила. Доколку интервјуто на Хари за разводот на неговите родители биде премногу критично кон Камила или пак премногу обвинувачко кон Чарлс, доколку истовремено во таа приказна биле прикажана неговата мајка како светица, тоа ќе биде точка без враќање назад“, истакнал тој.

Кои контрамерки во тој момент постојат? Каков избор имаат освен да кажат: „Во ред, тука ја преминавте границата и нема враќање назад. Време е да тргнете по својот пат, но не како војвода и војвотка од Сасекс“.


Вториот трејлер којшто е објавен ја прикажува загриженоста на Меган во борбата против папарацо фотографите, односно дека таа би можела да стане новата Дајана и трагично да заврши.

Тензиите пред почетокот на серијата се сè поголеми, додека пак сите со големо нетрпение исчекуваат да ги видат деталите кои можат да бидат навистина интересни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг