(Фото) Луксузната јахта од мистериозниот холивудски филм кој ги освои луѓето може да ја изнајмите за вртоглава сума на пари, но има што да понуди...

Точка

06/12/2022

16:52

17.281

Големина на фонт

а а а

Со 15 милиони приходи за само една седмица од премиерата, мистериозниот филм „Glass Onion: A Knives Out Mystery“ е продолжение на продукцијата „Knives Out“ од 2019 година во режија на Рајан Џонсон.

Добивајќи позитивни критики, продолжението, покрај прекрасната актерска екипа има и нова „колешка“ – луксузната јахта со име „Aquarius“ која е достапна за изнајмување во Турција.

Јахтата со должина од 46 метри послужила како кулис за една од клучните сцени во новиот филм, додека пак капетанот на јахтата во реален живот исто така глуми во филмот. И покрај луксузот којшто го нуди, сиот тој холивудски сjaj сега може да го изнајмите за неколку 100-ци илјади евра неделно.


„Aquarius“ во Турција ја направила компанијата „Mengi Yachts“ и е комбинација на рамна силуета со прекрасен дрвен труп. Прекрасниот ентериер содржи пет луксузни кабини кои можат да примат и до 10 луѓе.

Кабината на главната палуба вклучува брачен кревет, два балкони, работна маса и сопствен тоалет. На долната палуба има три кабини со брачни кревети и една со два единечни кревети.


Јахтата природно има огромен клуб, џакузи на палубата и многу места за сончање. Исто така доаѓа со голема флота на „играчки“ во случај да треба брзо да побегнете. Јахтата има место на задната палуба каде може да прими и неколку помали возила.

Во срцето на трупот има два „Caterpillar“ мотори кои на јахтата ѝ даваат брзина за крстарење од 12 чворови и максимална брзина од 15 чворови. Секако, јахтата е опремена и стабилизирана, а крстарењето по Медитеранот е вистинско уживање.

„Aquarius“ е достапна исклучиво во компанијата „Ocean Independence“ и може да се резервира за чартер во Турција за приближно 220.000 евра неделно.





Спонзорирани линкови

Маркетинг