Тројца крипто-шефови пронајдени мртви во минатите неколку недели

Точка

06/12/2022

22:09

4.529

Големина на фонт

а а а

Рускиот претприемач Вјачеслав Таран, 30-годишниот Тиантиан Куландер и крипто-милионерот Николаи Мушегиан се последните тројца крипто-шефови пронајдени мртви во последните недели. Причините за нивната смрт, по редослед, се: уривање на хеликоптер, смрт на сон и смрт со давење.

Случајот на Вјачеслав Таран

53-годишниот руски криптомилионер Вјачеслав Таран е третиот крипто-шеф кој бил пронајден мртов под мистериозни околности по рушењето на неговиот хеликоптер во близина на Монако.

Се чини дека неговиот хеликоптер се урнал при добри временски услови и откако друг патник го откажал присуството на летот во последна минута. Овие две работи предизвикуваат сомнежи. Токму поради овие причини, заменикот обвинител од Ница, кој го посетил местото на рушењето на хеликоптерот, изјавил дека не може да се отфрли вмешаност на трета страна во инцидентот.


Таран, ко-основач на инвестициската платформа „Libertex“ и на „Forex Club“, летал од Лозана со искусен пилот во едномоторен „H130“ хеликоптер кога се урнал во околу 1 часот напладне на 25-ти ноември. 35-годишниот француски пилот исто така загинал во несреќата.

Според украинската новинска агенција „UNIAN“, изгледа дека Таран бил поврзан со руската странска шпионска агенција, а бил и одговорен за перење на руски пари преку операции со криптовалути. Како и да е, изворот на оваа информација не е откриен.

Случајот на Тиантиан Куландер и Николаи Мушегиан

Во период од неколку недели, пред веста за смртта на Таран, двајца други криптошефови исто така починале под мистериозни околности.

Тоа се 30-годишниот Тиантиан Куландер, кој починал на сон минатата недела, и криптомилионерот Николаи Мушегиан (29), кој се удавил на плажа во Порто Рико по твит дека се плаши дека ЦИА и Мосад сакаат да го убијат.


Куландер е ко-основач на „Amber Group“, критпо-платформа моментално проценета на 3 милијарди долари. Не само тоа, тој бил и во бордот на „Fnatic“, „E-sports“ организација.

Мушегиан, од друга страна, починал на 28-ми октомври на 29 години, само неколку часа откако твитувал дека се плаши дека ЦИА и Мосад сакаат да го убијат. Неговиот твит гласел вака:

„ЦИА и Мосад водат некој вид на уцена и трговија на луѓе од Порторико и карипските острови. Ќе ме обвинат за лаптоп кој го подметна мојата поранешна девојка, која е шпион. Ќе ме мачат до смрт“.

Членови на неговото семејство по смртта изјавиле дека не веруваат дека Мушегиан бил убиен, бидејќи младиот милионер имал историја на ментални проблеми.


Џон МекАфи и шпекулациите за неговата лажирана смрт

Друг крипто-шеф кој е пронајден мртов во затвор во Барселона на 75-годишна возраст е крипто-инфлуенсерот Џон МекАфи.

Веста за неговата смрт се појавила на 23-ти јуни 2021-ва година, точно 8-месеци по неговото апсење за затајување на данок.

По неговата смрт, исто така се појавиле многу шпекулации.


Неговата сопруга, Џенин МекАфи, изјавила дека не верува дека нејзиниот сопруг се самоубил, а неодамна изјавила и дека не верува во приказните дека нејзиниот сопруг е сè уште жив и дека ја лажирал својата смрт.

Госпоѓа МекАфи овие коментари ги дала како одговор на документарецот на „Netflix“ „Running with the Devil“, во кој поранешната девојка на МекАфи, Саманта Херера, вели дека „починатиот“ и се јавил од засолниште во Тексас – информација која Џенин ја нарекува лажна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг