Декември е месец кога понудата на мандарини на локалните пазари и продавници е најразновидна и најповолна, а она што многумина не го знаат за ова цитрусно овошје е дека е исклучително корисно за здравјето и тоа не само плодот, туку и кората.
Мандарините се богат извор на витамини, антиоксиданти и други корисни материи. Една од здравствените придобивки на ова овошје е тоа што, бидејќи расте на дрво, не содржи тешки метали и радионуклиди кои можат да се акумулираат во почвата. Токму тоа е и една од причините зошто никогаш не треба да ја фрлате кората од ова овошје.
Експертите наведуваат неколку рецепти кои се покажале како многу корисни кај одредени тегоби.
Руската докторка Ирина Волкова вели дека сушената кора од мандарината најчесто се користи во медицината и тоа за подготовка на лековити чаеви.
„Кората од мандарина го подобрува варењето, го поттикнува апетитот и генерално го зајакнува организмот. Етеричните масла, фитонцидите и флавоноидите помагаат во лекување на болестите на бронхопулмоналниот систем“, вели докторката.
Исушената кора од мандарина сомелете ја во мелница за кафе и додајте ја во свежо сирење, каша или друго јадење. Консумирајте по една лажичка по оброк.
Ставете две супени лажици сечкана, сува кора од мандарина во една и пол чаша зовриена вода. Варете на тивок оган 5 минути, а потоа поклопете и оставете да отстои еден час. Процедете и пијте по половина шолја топол чај 2 до 3 пати дневно, половина час пред јадење.
За полесно исфрлање на секретот наталожен во грлото, измешајте 2 лажици исечкана кора од мандарина во 1 чаша ракија (или вотка). Оставете ја мешавината една недела на темно место, па процедете. Земајте 20 капки од тинктурата разредени во чаша вода, 3 пати дневно пред оброк.