(Фото) Се сеќавате ли на Емили од серијата „Пријатели“? Денес ретко се појавува во јавноста, а еве зошто исчезнала „преку ноќ“

Точка

06/12/2022

13:27

5.059

Големина на фонт

а а а

Хелен Баксендејл добро им е позната на обожавателите на серијата „Пријатели“, но по улогата која ја прослави одлучила да се повлече и да не живее во холивудски стил.

Британската актерка се прослави со улогата на Емили во омилената серија „Пријатели“, но потоа како да исчезна и малку од луѓето слушнале за неа.

Денес 52-годишната Хелен ја толкуваше улогата на втората сопруга на Рос Гелер и тоа во текот на четвртата и петтата сезона од популарната серија, појавувајќи се заедно со Дејвид Швимер, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Метју Пери, Мет Лебланк и Лиса Кудроу.


Но, откако ја „вкусила“ славата која ја делела со шесте главни актери, таа одлучила всушност дека не сака да живее таков живот поради тоа што би немала ниту малку анонимност, а ни слобода.

„Мислам дека видов каде води тоа на крајот. Не го сакав тоа воопшто. Но, ги видов тие луѓе од „Пријатели“ и помислив дека јас не сакам таков живот. Ги прогонуваа, не можеа да влезат во супермаркет и да си купат нешто“, изјавила Хелен во една прилика.

Хелен од серијата се повлекла порано отколку што се очекувало и тоа кога открила дека таа и нејзиниот партнер Дејвид Вилијам го очекуваат своето прво заедничко дете.

„Не мислев дека тоа што го правам го заслужува сето внимание. Не стануваше збор за мене, стануваше збор за тоа дека сето тоа ми се случи поради неколку епизоди. Целата работа беше луда“, признала таа во интервју за „The Independent“.


Хелен, која денес има 23-годишна ќерка актерка Нел, 20-годишен син Ерик и 15-годишен син Винсент, продолжила да толкува помали улоги во драми, но ниту една од нив не ѝ донела слава како улогата на Емили.

„Мислам дека треба да имате посебен карактер за да можете да живеете со тоа“, заклучила Хелен која е активна во борбата за зачувување на околината, но и климатските промени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг