Одлични вести за љубителите на романтичната комедија: Камерон Дијаз и Кејт Винслет снимаат продолжение на култниот празничен филм

Точка

06/12/2022

13:42

5.270

Големина на фонт

а а а

Пристигнува продолжение на хит романтичната комедија „The Holiday“ и тоа со оригиналната актерска постава.

Камерон Дијаз, Џад Ло, Кејт Винслет и Џек Блек се враќаат во продолжението на еден од најубавите празнични филмови.

За потсетување, Британката Ајрис (Винслет) и Американката Аманда (Дијаз) одлучуваат да си ги заменат домовите во текот на празниците и двете се заљубуваат, пронаоѓајќи ја љубовта во светот на онаа другата.

Според извор на „The Sun“, снимањето би требало да започне следната година, а главните актери веќе потпишале договори.

„Планот е да се започне со снимање следната година, главно на локации во Велика Британија и Европа, а главните ѕвезди веќе потпишаа договори и се подготвени“, открил извор близок до продукцијата.

„Ова е еден од најуспешните празнични филмови во кој секоја година уживаат милиони обожаватели ширум светот - логично е повторно да ги посетиме главните ликови и да откриеме што се случило откако се споиле“, вели изворот.


„Ќе биде смешен, емотивен и топол филм – токму она што сите го посакуваат за Божиќ“, додал тој.

Инаку, снимањето на филмот чинело 70 милиони фунти, но заработи повеќе од 200 милиони фунти на кино благајните и стана еден од филмовите на врвот на празничната листа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг