Сите знаеме колку пушењето е штетно за целокупното здравје на нашиот организам, а особено лошо влијае на нашите бели дробови. Сепак, не се само цигарите тие кои го загрозуваат овој орган.
Во зима, нашите бели дробови се почувствителни на бактерии и вируси кои предизвикуваат респираторни инфекции.
Она што сите можеме да го направиме е за време на зимските месеци да се погрижиме за исхраната. Имено, одредени намирници, според тврдењата на лекарите и експертите за исхрана, благотворно делуваат на белите дробови.
Консумирање на еден до четири грејпфрути неделно го намалува ризикот од рак на респираторниот систем.
Богати се со селен и витамин Е, кој помага во намалување на ризикот од рак на белите дробови.
Антиоксидансите присутни во кромидот ги чистат токсините од белите дробови, кои се предизвикани од пушењето.
Осум чаши вода го хидрираат телото цел ден и овозможуваат нормално функцинонирање на белите дробови и другите делови од телото.
Секојдневно пијте сок од моркови како меѓуоброк.
Ѓумбирот може да ја исчисти слузта предизвикана од млечни производи, пченица и соја. Содржи антиоксиданси кои ги чистат токсините од белите дробови предизвикани од пушењето.
Можете да ги исфрлите токсините акумулирани од пушењето со пиење билен чај.
Пред спиење испијте 400 мл. сок од брусница. Брусницата помага во борбата против бактериите во белите дробови кои предизвикуваат инфекции.
Консумирајте 300 мл. свеж сок од ананас бидејќи ова овошје содржи природни антиоксиданси кои се корисни за респираторниот систем.
Исцедете два лимони во топла вода и испијте ги пред појадок.