Која беше Кирсти Али, актерската ѕвезда од 80-те: Од успешна кариера до контроверзни ставови

Точка

06/12/2022

09:44

5.414

Големина на фонт

а а а

По веста за смртта на актерката Кирсти Али (72), многумина се сеќаваат на улогите кои ја одбележаа нејзината кариера, а почнувајќи од хумористичната серија „Cheers“ – ја препознаваат по улогите во филмовите „Look Who's Talking“, „Look Who's Talking Now“, „It Takes Two“...

Кирсти Луиз Али е родена во Вичита, Канзас во 1951 година, а во Лос Анџелес се преселила во 1980 година, каде што била дизајнерка на ентериер. Во 1982 година ја започнала својата филмска кариера во остварувањето „Star Trek II: The Wrath of Khan“, а кратко потоа имала улоги во филмот „Blind Date“ и минисеријата „North and South“ од 1985 година. Две години подоцна, глумела со Марк Хармон во хит комедијата на Карл Рајнер „Summer School“.

Истата година, Али ја заменила Шели Лонг во „Cheers“, која била меѓу најдобрите телевизиски комедии. Во 1991 година, таа добила ЕМИ за таа улога, додека нејзината втора ЕМИ награда беше за филмот „David’s Mother“ од 1994 година, во кој глумеше мајка на тинејџер со аутизам.


Најдобрите моменти во кариерата на Али ги вклучуваат и „Veronica’s Closet“ (1997-2000) на NBC, комедијата „Showtime“ од 2005 година. „Fat Actress“ и глумење заедно со Џон Траволта во трите филмови „Look Who’s Talking“, трилогија што започна во 1989 година.

Али работела и како портпаролка на системот за слабеење на Џени Крег, а потоа се разделиле и основала сопствена компанија „Organic Liaisons“. Подоцна, Џени Крег се вратила и ја купила нејзината компанија.


Исто така, на натпреварот „Dancing With the Stars“ во 2011 година го освои второто место, а во 2013 година се претстави со ТВ ситком наречен „Kirstie“, кој беше откажан после една сезона. Таа беше и во втората сезона на серијата „Scream Queens“ во 2016 година, а претходно оваа година се појави и во седмата сезона на забавното шоу „The Masked Singer“.

Во изминатите неколку години, Али го привлекуваше вниманието и со нејзините политички ставови и стана активна на социјалните мрежи. Таа на Твитер ја поддржа претседателската кампања на Доналд Трамп, па потоа ја повлече, а на крајот сепак рече дека гласала за него. Таа тврдеше дека многумина во Холивуд ја малтретирале поради нејзиното јавно изразување на политички ставови.


Во 2020 година, Али ја критикуваше Академијата за филмски уметности и науки за вклучување на ЛГБТК+ во нејзините дела, кога мораше да постои разновидност за да се земе предвид за награда за најдобар филм. Таа не го прифати тоа и мислеше дека е наметнување, па на Твитер објави дека тоа е срамота и начин да се контролира уметникот.

За потсетување, Али почина на 72-годишна возраст по кратка битка со ракот, потврди нејзиното семејство преку соопштение.




Спонзорирани линкови

Маркетинг