Од „Play Store“ отстранети злонамерни апликации кои ги инсталирале два милиони корисници

Точка

05/12/2022

22:44

10.841

Големина на фонт

а а а

Аналитичарите за малавер од рускиот произведувач на антивируси, компанијата „Dr. Web“, откриле низа злонамерни апликации за „Android“ во „Google Play Store“ кои ги преземале повеќе од два милиони луѓе.

Апликациите кои ги открил „Dr. Web“ се претставени како корисни услужни програми и апликации за оптимизација на системот, но во реалноста тие лошо влијаат на перформансите на уредите.

Една апликација која ја истакнале од „Dr. Web“ и која пред „Google“ да ја отстрани од „Play“ продавницата имала милиони преземања е „TubeBox“. „TubeBox“ ветува парични награди за гледање видеа и реклами во апликацијата, но никогаш не го исполнува ова ветување, туку наместо тоа прикажува грешки кога корисниците се обидуваат да ги искористат собраните награди. Истражувачите од „Dr. Web“ велат се е во функција на тоа корисниците што подолго да се задржуваат во апликацијата гледајќи реклами од кои заработуваат програмери.


Освен оваа „adware“ апликација, во октомври во „Google Play Store“ се појавиле и апликациите „Bluetooth device auto Connnect“ која имала милион преземања, „Bluetooth & Wi-Fi & USB driver“ со 100.000 преземања, „Volume, Music Equalizer“ која имала 50.000 преземања и „Fast Cleaner & Cooling Master“ со 500 преземања.

Овие апликации вчитуваат веб страни според инструкциите кои ги добиваат од серверот генерираат лажни огласи на заразени уреди.


„Dr. Web“ на „Google Play“ открил и низа апликации за кои се тврди дека се поврзани со руски банки и инвестициски групи, а секоја има во просек околу 10.000 преземања.

Овие апликации се промовирани преку реклами во други апликации, каде се ветувал профит од вложувања. Меѓутоа, апликациите водат на сајтови каде од жртвите, преку измама, се земаат нивните лични податоци (fishing).


За да се заштитите од лажните апликации на „Google Play“, секогаш проверувајте ги негативните рецензии, обратете внимание на политиката за приватност и задолжително го посетете ја веб-страницата на програмерот, за да ја проверите автентичноста на апликацијата.

Бројот на инсталирани апликации на уредот држете го на минимум и повремено проверувајте дали функцијата „Play Protect“ е активна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг