Некогашната најдобра тенисрка Ана Ивановиќ, денес е посветена на своето семејство и живее поразличен живот од порано.
Ана Ивановиќ низ годините е во складен брак со поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер и со него има двајца синови – Леон и Лука.
Ана е релативно активна на социјалните мрежи, а како што во една прилика истакнала, грижата за тоа им ја препуштила на посебни агенции кои се занимаваат со социјални мрежи, па така таа не сака да се оптоварува со такви работи.
Овојпат, таа споделила што е тоа што си подготвува за појадок и кои намирници ги користи за секогаш да биде здрава и да ја одржува својата свежина и убавина. Во нејзиниот рецепт има хранливи материи кои особено се добри за кожата.
„Треба да знаете дека снабдувањето на вашето тело со добри и хранливи материи е добро и за вашата кожа“, напишала Ана на почетокот.
- 1 банана;
- Една дланка манго;
- Бадемово млеко (колку што сакате);
- 1 лажица мелен лен;
- 1 лажица протеини од ванила.
Прелив: семе од коноп и путер од бадеми (или било кој друг прелив којшто го сакате, јас секогаш преферирам со вкус на јаткасти плодови).
„Уживајте во здравиот појадок!“, порачала Ана Ивановиќ.
Фотографии од Ана Ивановиќ: