Оригиналниот „Бетмобил“ во кој во 1989-та година се возел актерот Мајкл Китон, се продава за 1,5 милиони евра.
Цената е висока, но ексклузивитетот е загарантиран, кога веќе не е и максималната брзина, која е одвај 50 км/ч.
Црниот автомобил се прославил во филмовите „Batman“ од 1989-та и „Batman Returns“, кога по серијата од 60-тите години, повторно била активирана франшизата која трае се до денес.
По снимањето, автомобилот завршил во забавен парк во Њу Џерси, во 1992-ра година, каде бил користен како реквизит за ролеркостерот „Batman“, пред да го купи колекционер на филмски автомобили.
Бараната цена за автомобилот на аукцијата е 1,5 милиони евра, а во возилото можат да влезат три лица.
Меѓутоа, возилото е еколошко бидејќи е опремено со електричен погон, а има и вистински фрлачи на пламен. Каросеријата е од фиберглас.
Дел од единствениот дизајн се задните „пераи“ во стил на лилјак и млазниот мотор во средината, кој, секако, е само естетски додаток.