Овој чај е сè што ви треба: Помага при намалување на крвниот притисок, го чисти црниот дроб и бубрезите, но треба внимателно да се користи

Точка

05/12/2022

15:44

10.124

Големина на фонт

а а а

Копривата е растение кое содржи изобилство на витамини, а го лекува и чисти телото од отрови.

Првата асоцијација на коприва е дека „пржи“ и дека не смееме да ја допираме доколку ја видиме.

Меѓутоа, делови од ова растение се лековити, особено коренот, како и оние кои растат во време на цветањето. Листовите исто така можат да се користат и се идеални за чорба.


Копривата содржи дел од комплексот витамини Б, потоа витамини А, Ц и К, од минерали тука се железото, калциумот, магнезиумот, калиумот, фосфорот, но и сите есенцијални аминокиселини, полифеноли, пигменти. Многу од овие состојки делуваат како антиоксиданти во нашето тело.

Лековитите својства на копривата се повеќебројни таа се користи за прочистување на крвта, во борба против анемија, кај болести на патиштата за мокрење и за намалување на крвниот притисок.

Копривата помага и при камен во бубрегот, а притоа е добра и за несоница, како и при проблеми со варење на храната, помага при отежнато дишење и астма, при ревматични и гинеколошки тегоби, но добра е и за здравјето на црниот дроб и панкреасот.


Освен сето тоа што го наброивме, копривата помага и во намалување на гликозата во крвта, диуретик е и помага при поленски грозници. Таа е добра и во борбата со крвниот притисок.

Користењето на копривата речиси и да нема непосакувани ефекти, но во ретки случаи при контакт со неа може да се предизвика моќна алергиска реакција. Во секој случај најдобро е да се консултирате со доктор пред да ја користите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг