Ги истакна своите атрибути на најдобар можен начин: Пејачката се појавила покриена само со мрежа, па привлекла огромно внимание

Точка

05/12/2022

23:44

12.919

Големина на фонт

а а а

Рита Ора покажала храброст во модната комбинација од мрежа, а извајаните стомачни мускули дошле до израз.

Пејачката Рита Ора сака да го привлекува вниманието на себе и на своето затегнато телo, а истото го направила и oвојпат на една роденденска прослава во Лондон.

Папарацо фотографите ја дочекале пред ресторанот, а Рита имала што да покаже кога излегла од автомобилот.

Покриена само со мрежа, прошетала до влезот од ресторанот и позирала за папарацо фотографите, а под „фустанот“ носела само танга.


Во рацете имала црна бунда, а на рацете и околу вратот имала црно-златен накит којшто дополнително ја истакнал нејзината модна комбинација.

Мрежата се протегала до главата, па се добивало впечаток како Рита да носи капа, а при влегувањето во ресторанот таа пред папарацо фотографите го покажала совршениот задник, но и извајаните стомачни мускули кои наѕирале под мрежата.

Рита никогаш подобро не изгледала, па очигледно за тоа по малку е заслужен и нејзиниот сопруг Таика Ваитити за кој се венчаше годинава.

Парот во врска бил од март 2021 година, а извор открил дека по тајната венчавка планираат и голема прослава за своето семејство и пријателите.


„Церемонијата беше интимна и многу посебна за сите присутни. Нивните најблиски гледаат колку лудо се заљубени еден во друг. Иако е јавна личност, Рита сака да ја зачува нивната приватност и не сакаше да прави врева околу венчавката“, изјавил извор за „The Sun“ и додал дека пејачката веќе се вратила во студио во кое работи на својот трет албум.

Рита пред новопечениот сопруг го сакала девет години постариот режисер Ромаин Гаврас со кој раскинале во февруари 2021 година по шест месеци врска.


Инаку, Рита е родена во Приштина во 1990 година, а кога имала само една година нејзиното семејство се преселило во Лондон поради, како што во една прилика изјавила, прогонувањето на Албанците по распадот на Југославија.

Дали ви се допаѓа ова модно издание на Рита Ора?



Спонзорирани линкови

Маркетинг