(Видео) Преслатки близнаци за првпат се „препознале“ еден со друг, нивните насмевки кажуваат сè

Точка

05/12/2022

14:40

5.520

Големина на фонт

а а а

Иако понекогаш знаеме да се искараме со нашите браќа и сестри, таа љубов е неизмерна и значи дека имате пријател за цел живот.

Една мајка го снимила моментот кога нејзините 4-месечни близнаци за првпат се „препознале“, а тој момент стопи многу срца.

На родителите кои имаат повеќе деца им е многу важно тие да се сложни, како и постарите да се грижат за помладите. Сепак, кога станува збор за близнаци, нештата знаат да бидат посебно интересни, а така е уште од мали нозе кога родителите ги бележат сите оние слатки, први моменти помеѓу нив.

Една мајка го снимила моментот на „препознавање“ на своите близнаци, како и нивниот весел разговор, а ваквата сцена разнежни многумина.

Twins Recognise Each other for the First Time

Born together, best friends forever...????

Posted by Tyla on Friday, December 2, 2022

Преслатките бебиња гледале едно во друго, се држеле за раце и се смееле, а звучело како да водат „длабок“ разговор.

„Каков прекрасен момент на нивната комуникација. Задолжително зачувајте го видеото и покажете им го кога ќе пораснат и ќе започнат да се караат“, „Би можела да го гледам ова цел ден, погледнете ги тие насмевки“, гласат коментарите под видеото.

Корисниците на социјалните мрежи пишувале дека имањето брат или сестра близнак има некоја посебна поврзаност која само тие можат да ја разберат, споделувајќи некои од своите неверојатни искуства.

„Имам брат близнак и морам да кажам дека имало моменти кога сум ја чувствувала неговата болка или тој чувствувал дека проаѓам низ нешто за кое не сум му кажала. Тоа е неверојатно нешто и најголемо богатство“, гласел коментарот на една жена, а многумина се сложиле со истиот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг