(Фото) Од голи грбови до фустани кои потсетуваат на ноќница, Лондон стана центар на независната филмска индустрија и одличниот стил

Точка

05/12/2022

09:14

7.842

Големина на фонт

а а а

Вчера во Лондон беа доделени Британските независни филмски награди, по 25-ти пат во историјата.

Случувањата на црвениот тепих кои ѝ претходеа на церемонијата на врачување на овие признанија беа многу интересни и ја заинтригираа јавноста.

Пејачката Алеша Диксон се појавила на црвениот тепих во фустан со огромен изрез на грбот кој го краселе метални детали. Музичката ѕвезда сака да се разликува кога станува збор за стилот, иако честопати знае да се појави и во „веќе видени“ изданија.


Модна ѕвезда на вечерта била актерката Флоренс Пју која обожува модни шокови од секаков вид. Сетете се дека пред неколку месеци ја проследи модната ревија во Париз, покрај Ана Винтур, во проѕирна креација под која не носеше градник.

Флоренс вчеравечер на спектакуларен начин се појавила на црвениот тепих во гламурозен фустан-ноќница со наметка, а со стајлингот ги засенила сите претходно прикажани фустани во овој манир.


Британските независни филмски награди се доделуваат на најиновативните и најкреативни создавачи од сферата на независната филмска индустрија.

Во продолжение, погледнете ги останатите креации на познатите дами:




Спонзорирани линкови

Маркетинг