(Фото/Видео) Запознајте ја најголемата „невидлива“ зграда на светот која до 2030 година би можела да стане мега-хит

Точка

04/12/2022

16:12

17.515

Големина на фонт

а а а

Големите стаклени плочи во кои се огледува околината на AlUla во саудискиот регион Медина, даваат привид на нереалност и го тераат набљудувачот да се запраша дали навистина станува збор за фатаморгана.

Но, за таквата сцена не е виновна пустинската жештина, станува збор за зграда која се запишала во Гинисовата книга на рекорди како најголема зграда од огледала на светот и брои фантастични 9.740 квадратни метри.

Зградата и повеќенаменски концертна сала Maraya од стакло осмислена е така што да ја одржува и истакнува природната убавина на пустината, а нејзиното име на арапски значи одраз или огледало.

Архитектонското уметничко дело е наменето за разни настани, прослави, перформанси...

Неправедно занемарениот AlUla е дом на древни локалитети, историски споменици и неверојатни природни чуда, а Maraya е само едно во низата ремек-дела поради кои вреди да се запознаете со тој реон.

Основана пред пет години целта ѝ е да привлече туристи до 2030 година за AlUla и Саудиска Арабија да се запишат на врвот на листата најдобри дестинации на светот, а токму стаклениот комплекс би бил еден од првите скали кон тој пат.


Зградата е сместена среде пустина на висина од 26 метри. Дизајнирана е така што има огромен прозорец којшто кога ќе се отвори се создава интересна игра на пустинската околина, а од оддалеку изгледа речиси невидливо.

Досега Maraya е користена за снимање филмови и реклами за популарни брендови како што се „Rolls-Royce“ и „Cartier“. Современите архитекти не се единствените кои се воодушевени од овој крај.

Древните цивилизации кои го следеле патот на темјанот и зачините токму таму оставиле интересни рушевини...




Спонзорирани линкови

Маркетинг