Кремљ: Путин ќе го посети Донбас „во догледно време“

Точка

03/12/2022

21:30

5.566

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска соопштил дека рускиот претседател Владимир Путин на крајот ќе замине во Донбас.

„Тоа, се разбира, ќе се случи со текот на времето. Тоа е регион на Руската Федерација“, изјавил за новинарите портпаролот на Кремљ.

Неговите зборови ги цитира РИА Новости.


Во август, претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, ја посети Народна Република Доњецк.

Исто така, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, ја посети одбранбената линија во зоната за специјални операции и разговараше со армијата.

Русија на 5 октомври потпиша уредба со која, спротивно на меѓународното право, четири украински региони ги прогласи за руска територија. Регионите кои Путин ги прогласи за руски се: Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.

Украинските сили во меѓувреме го ослободија главниот град на регионот Херсон од руската окупација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг