Хрватите не се задоволни од модното издание на првата дама во Катар: Го споредуваат со Лего фигури

Точка

03/12/2022

19:35

9.641

Големина на фонт

а а а

Модното издание на Сања Мусиќ Милановиќ од Катар не останало незабележано на социјалните мрежи, а покрај споредбите со Алка Вуица, Колинда Грабар Китаровиќ – првата дама на Хрватска била споредувана и со Лего фигури.

Првата дама на Хрватска, Сања Мусиќ Милановиќ вчера ја следела фудбалската репрезентација на натпреварот со Белгија, а со комбинацијата на облека во боите на знамето, привлекла посебно внимание.

Сепак, не се сите задоволни од навивачката облека на сопругата на Зоран Милановиќ, а тоа го изразиле на социјалните мрежи.

Мусиќ Милановиќ се појавила во црвен костум и бела маичка, а на главата носела црвен шешир со црвено-бели детали.

Иако сè било во навивачки дух, многумина го критикувале изданието на првата дама.

Некои се пошегувале дека Лего веќе ѝ направиле фигура, споредувајќи ја со верзијата на популарната играчка, додека други ја споредиле со Алка Вуица.

„Alka Vuica wannabe“, гласи еден твит.

Исто така, други се пошегувале дека Мусиќ Милановиќ станала конкурент на најпознатата хрватска навивачка - Ивана Кнол.

Во низата објави поврзани со облеката на Сања Мусиќ Милановиќ, твитерџиите најмногу ја пофалиле Колинда, наведувајќи дека поранешната претседателка е „модна икона“ за првата дама.



Спонзорирани линкови

Маркетинг