Расколот во Белгија продолжува: Петмина не си одат дома заедно со тимот

Макфакс

03/12/2022

15:30

4.912

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Белгија e едно од разочарувањата на Светското првенство во Катар. По елиминацијата во групната фаза, поделбите и расколот во селекцијата продолжуваат и на патот кон дома.

Се појавија информации дури и за физички пресметки по поразот од Мароко, а сега петмина фудбалери одлучиле да не патуваат со тимот дома и си платиле индивидуални авионски билети. Станува збор за Томас Муние, Аксел Витсел, Џереми Доку, Артур Тете и Луис Опенда.

Селекцијата на Белгија во овој момент е и без селектор, откако Роберто Мартинез по елиминацијата поднесе оставка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг