Доколку сте ги гледале „Чувари на плажата“, сигурно се сеќавате на популарниот Мет Броди.
Во 90-тите немало попопуларен актер од Дејвид Чарвет којшто светската слава ја стекна благодарение на популарната серија „Чувари на плажата“.
После улогата во тој филм, тој глумеше уште во некои серии, а потоа по 20 години под светлото на рефлекторите тој сврти друг лист и ѝ кажа збогум на глумата.
Во една прилика тој открил што го поттикнало на таа радикална одлука. Освен актерска Дејвид од 1999 година градел и успешна музичка кариера, но сето тоа не го исполнувало.
„Пред да го добијам моето прво дете за само пет години пропатував 42 земји одржувајќи концерти. Нема шанси тоа да го повторам. Едноставно не сакав да снимам во Канада, да пеам во Европа. Сакав да бидам дома со своето семејство. Сакав да бидам добар татко и да бидам тука за своите деца секој ден“ изјавил тој за „Page Six“.
„Да бидеш добар татко значи да си присутен. Секој ден да бидеш дома и кога одиш на спиење и се будиш кога децата се будат“, додал тој.
Неговата нова професија нема никаква врска со филмската или музичката индустрија. Имено, тој се одлучил за занает, па така сам ги засукал ракавите и го научил занаетот.
„Ги завршив работите, а куќата излезе прекрасно. Секојпат кога некој ќе ја погледнеше куќата, ќе ја пофалеше и прашуваше дали би можел да направам уште една таква. Така се роди идејата“, се присетил некогашниот актер.
Тој денес има фирма за градежништво и секое утро е на градилиште. Тврди дека е среќен и задоволен и дека никогаш не зажалил поради заминувањето од Холивуд.
Инаку, поранешниот актер има 14-годишен син Шај и една година постара ќерка Хевен со поранешната сопруга Брок Бур. Без оглед на разводот, поранешните сопружници останале во пријателски односи. Во 2018 година објавиле дека повеќе не живеат заедно и дека се разведуваат, а Дејвид уште тогаш имал нова девојка. Сега е во врска со моделот Оксана Риков која од него е помлада 24 години.
Инаку, Дејвид е сè само не обична холивудска ѕвезда која не сака да ги извалка рацете. Неодамна ги воодушевил луѓето кога го запрел својот автомобил и потрчал да ѝ помогне на жена која била повредена во сообраќајна несреќа.