Карпа во облик на риба која „изнуркува“ од песок: Фотограф забележал неочекувана сцена во пустина

Точка

03/12/2022

10:32

6.824

Големина на фонт

а а а

Фотографот Калед Заал Аленази, снимајќи пустина во Саудиска Арабија, забележал нешто неочекувано – карпата која ја снимил неверојатно потсетува на риба која „изнуркува“ од песокот.

Аленази ја „уловил“ необичната формација со помош на дрон додека го снимал археолошкото богатство Ал-Ула во Саудиска Арабија – подрачје познато по древните градби.

„Додека го документирав тоа подрачје, пред мене се појави формација чиј облик ме потсети на риба во срцето на пустината“, изјавил фотографот за „CNN“.

Аленази вели дека веројатно не е првата личност која наишла на оваа карпа, но верува дека неговата воздушна перспектива значи дека е првиот кој го забележал нејзиниот необичен облик.

„Окото на фотографот го гледа она што луѓето не го гледаат“, рекол тој, а карпата соодветно ја нарекол „Desert Fish“ (Пустинска риба).

На снимките од дронот кои Аленази ги снимил во јуни оваа година, формацијата на карпата потсетува на водно суштество кое плива низ златен песок, а неговата структура налик грбни перки исто така сугерира дека тоа би можело да биде ајкула која излегува од длабочините за да го улови својот плен.

Откако неговите снимки беа споделени на социјалните мрежи, Аленази морал да ги разочара креативните корисници кои тврделе дека карпите се всушност остатоци од џиновски морски ѕвер.

„Некои споменаа дека тоа е вистинска риба која е фосилизирана пред повеќе милиони години, но тоа не е случај“, вели фотографот. „Тоа е песочник настанат под влијание на многу фактори“.

Фотографот моментално работи на креирање сопствен Јутјуб канал, посветен на документација на регијата Ал-Ула и нејзиниот фасцинантен пејзаж.



Спонзорирани линкови

Маркетинг