(Видео) Обожавателка на „Guns N’ Roses“ се здобила со модринки по лицето откако пејачот Аксел Роуз го фрлил микрофонот во публиката

Точка

03/12/2022

09:52

7.661

Големина на фонт

а а а

Жена од Аделејд, Австралија се здобила со модринки под очите и на носот откако микрофонот кој го фрлил пејачот Аксел Роуз ја удрил во лицето.

Ребека Хау завршила со две модринки и гребаници на носот по инцидентот кој се случил на концерт во Аделејд во вторникот навечер, пренесува „Adelaide Advertiser“.

Роуз го фрлил микрофонот во публиката по последната песна од бендот, „Paradise City“, кој ја погодил Хау и ѝ го раскрварил носот.

„Бев во „Diamond Standing“ делот, така што дури и не беше на почетокот, а беше последната песна. Тој се поклони, а потоа го фрли микрофонот во публика и тој удри директно во мојот нос“, објаснила Ребека.

Додека друг обожавател го грабнал микрофонот, Ребека хипервентилирала и била во состојба на шок. Иако полицаец кој не бил на должност ѝ помогнал да се тргне од толпата, Хау вели дека инцидентот би можел да биде смртоносен.

„Што ако ме погодеше неколку центиметри налево или надесно? Би можела да го изгубам окото... што ако ме удреше во уста и ми ги скршеше забите. Доколку главата ми беше свртена и ме удреше во слепоочница, тоа би можело дури и да ме убие“, тврди таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг