Супер-евтин одмор во Европа: 5 одлични градови во кои вашите пари вредат многу повеќе

Точка

02/12/2022

21:20

17.828

Големина на фонт

а а а

Доколку барате зимски „city break“, тогаш е многу добра идеја да поминете неколку дена во некој од овие градови. Ви нудат секакви интересни работи, а притоа за убаво да си поминете таму не е потребно да подигнете кредит.

Благодарение на високата инфлација, зголемените сметки за енергија и генерално зголемените трошоци за живот, евтиното патување е поважно од кога било. Постојат неколку различни начини да се измери колку е „достапна“ дестинацијата. Од трошоци за јавен превоз, храна и пијалоци - до цени на хотели и билети за атракции, постојат различни опции кога станува збор за прифатливи патувања.


Новото истражување на компанијата за изнајмување автомобили DiscoverCars.com открива кои европски дестинации се добри за одмор. Во истражувањето земени се предвид бројот на ресторани со пристапни цени, просечната цена на хотелите и изнајмувањето автомобили, како и цените на најголемите атракции во градот.


Според добиените резултати, најдобра (односно, најприфатлива) европска дестинација оваа зима е полскиот град Краков. Со изнајмување евтини автомобили, прифатливо сместување и неговата најголема атракција што е бесплатна (познатиот Rynek Glowny), вториот по големина град во Полска моментално е најдобра опција.


Следува германската метропола Берлин, која нуди неколку ресторани со пристапни цени и бесплатен влез во Рајхстагот. „Бронзениот“ медал го освои Талин, а ТОП 5 листата ја затвораат Будимпешта и Прага.




Спонзорирани линкови

Маркетинг