(Видео) „Најстрашното нешто што сум го видел во последните 10 години“: Бритни Спирс сподели дека 'се венчала со себеси' - фановите загрижени

Точка

02/12/2022

20:12

5.863

Големина на фонт

а а а

Бритни Спирс објави дека се „омажила за себе“ и на Инстаграм сподели серија фотографии и видеа на кои може да се види како носи свилена венчаница и става превез од тантела на главата.

„Да, се омажив за себе. Ми беше досадно, го видов мојот превез и се запрашав што да правам со него. Не грижете се, сè уште сум во брак со мојот сопруг“, напиша поп ѕвездата во описот на една од објавите во венчаница со емотикони од веренички прстен.

„Никогаш не ги носам моите фустани и тие се толку убави. Ова е превезот на мојата прабаба... Изгледам како ангел“, напиша таа.

Во коментари на нејзините објави има жестока дискусија меѓу нејзините повеќе од 40 милиони следбеници.

Додека многумина ја фалат и поддржуваат, некои изразиле загриженост за нејзиното ментално здравје.

„Брит, што се случува, дали си добро?“, „Ни треба лекарска потврда за нејзината ментална состојба“, „Ова е вознемирувачко“, „Најстрашното нешто што сум го видел во последните 10 години“, „Исто како хорор филм“, се само некои од коментарите.

Инаку, Бритни неодамна откри дека има неизлечиво оштетување на нервите на десната страна од телото.

Во описот на видеото од нејзиното танцување напишала дека мозокот понекогаш „ ѝ се гаси“ бидејќи нема доволно кислород и дека „само Бог може да ѝ помогне“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг