Може да ја има секоја, но ја сака само неа: Актерот имал 18, а таа 42 години кога се запознале – изгледаат како мајка и син

Точка

02/12/2022

20:00

9.369

Големина на фонт

а а а

Актерот Арон Тејлор-Џонсон имал само 18 години кога ја запознал режисерката Сем која тогаш имала 42 години, па набрзо потоа се венчале.

Арон Тејлор-Џонсон (31) е моментален фаворт за улогата на најславниот таен агент на светот, Џејмс Бонд. Актерот е најпознат по улогата во филмовите „Ана Каренина“, „Ноќни ѕверки“, а би можело да се каже дека неговиот љубовен живот привлекува повеќе внимание од неговата кариера.

Имено, тој низ годините е во брак со славната режисерка Сем Тејлор-Џонсон (55) која на пошироката јавност ѝ е попозната по филмот „50 нијанси на сиво“.


Интересно е тоа што неодамна тие ја прославиле годишнината од брак и тоа десетта по ред, а за таа прилика организирале забава на која ги обновиле своите завети. Тие инаку важат за еден од најстабилните парови во светот во шоубизнисот, а негативните коментари кои ги добиваат од сите страни никогаш не ги читаат.

Се чинеше дека на луѓето најмногу им пречел фактот што Сем е постара од Арон 23 години поради што следеле негативни коментари од кои можеби најлош е оној дека изгледаат како „мајка и син“.


Инаку, сопружниците кои ја чуваат својата приватност се запознале во 2008 година на снимање на мјузиклот за Џон Ленон којшто го режирала Сем, а Арон во него ја толкувал главната улога.

Актерот тогаш имал само 18 години, а режисерката 41, но не ги загрижувала големата разлика во годините и веднаш почувствувале хемија. Во октомври 2009 година се вериле и тоа на премиерата на мјузиклот.


Како што подоцна истакнале, во истиот момент тој знаел дека таа е таа и дека конечно ја пронашол својата сродна душа.

„Веднаш знаев дека Сем е мојата сродна душа. Веднаш знаев дека сакам да го поминам останатиот дел од животот со таа жена. Добро се сеќавам на тој ден, како и на денот кога ја запросив.

Познатиот Британец акцентирал и дека никогаш не ја почувствувал разликата во годините меѓу нив , објаснувајќи дека не можел да ја спореди со ниту една од своите врснички.


Инаку, парот има две деца, 12-годишната Вајлд и 10-годишната Ромија, а режисерката од претходниот брак има уште две ќерки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг