Пристигна новиот хиперспортски автомобил, запознајте го „De Tomaso“

Точка

02/12/2022

16:50

10.098

Големина на фонт

а а а

Овој автомобил е толку опасен, што смее да се вози само на патека.

„De Tomaso“ се врати, а „P900“ е доказ дека се сериозни. Станува збор за хиперспортски автомобил кој ќе биде произведен во лимитирана серија од само 18 примероци. Секој ќе се продава по најмалку 3 милиони долари.

Како што е и очекувано, основата е „P72“, преубава скулптура на тркала претставена во 2019-та година, со која „De Tomaso“ се врати на автомобилската сцена. „P900“ е неговиот помлад, но и многу порадикален брат.


Доволно е да се каже дека под хаубата има атмосферски „V12“ мотор, а по желба купувачот може да добие и „V10“ од Формула 1. Сосема е доволно автомобилот да се прогласи за духовен наследник на култниот „P70“ Од 1960-тите. Притоа треба да се има на ум дека деталите се земени од моделот за патишта, додека каросеријата е нова, со многу порадикални одредени зафати.

Ние само ќе споменеме два детали, стаклената купола за возачот, и огромното задно крило кое носи „LED“ светла, но и активни аерододатоци.


Да се вратиме на техниката. За „De Tomaso“ не „проаѓа“ струја – хиперспортистот мора да биде гласен, а и многу добро знаат дека не е сè во силата. „V12“ со 900 коњски сили е сосема доволен, а и тежи само 220 килограми. Перформансите не се познати, но имајте на ум дека автомобилот тежи само 900 килограм, односно дека има специфична сила 1КС/кг. Импресивно.

Ако не сакате да чекате до 2024-та година и конечната изведба со „V12“ мотор, можете да изберете меѓу тркачкиот „V10“ на „Renault“ од болидот на „Benneton“ „B197“ од 1997-ма година. Тоа е нешто послаба верзија со околу 750 коњски сили, но ќе звучи пеколно.


Јавното деби „P900“ ќе го има идното лето кога ќе бидат познати и сите перформанси. 18 среќници кои ќе издвојат по 3 милиони долари за овој автомобил ќе добијат и можност автомобилот во целост да им се подготви за настап на патека. Од компанијата известуваат дека не се распродадени сите примероци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг