Повторно дојде време Кевин да остане сам дома. Одбројувањето до Божиќ службено започна, а култниот празничен филм повторно се најде во центарот на внимание и тоа поради една избришана сцена која ги воодушеви фановите.
Доколку спаѓате во луѓето кои не можат да го замислат Божиќ без филмот „Сам дома“, веројатно веќе ја знаете секоја сцена на памет, но оваа сигурно не сте ја виделе.
На ТикТок започнала да се споделува избришана сцена од филмот, а фановите повторно се прашуваат зошто режисерот Крис Колумбус одлучил да ја отстрани. Видеото од избришаната сцена добило 1,2 милиони прегледи.
Сцената го прикажува Марв (Даниел Стерн) и неговиот пријател криминалец Хари (Џо Пеши) во комби додека ја пеат класичната божиќна песна „Santa Claus Is Coming to Town“, но со мал пресврт.
„Подобро внимавај, подобро не се криј, доколку вратите се отворени влегуваме. Хари и Марв пристигнуваат во градот“, пеат криминалците, а потоа продолжуваат: „Знаеме кога сте надвор и танцувате, знаеме што да земеме, знаеме каде се сите пари скриени, па дојдете и пуштете нè“.
Видеото од избришаната сцена добила 1,2 милиони прегледи и 90 илјади допаѓања, а фановите не престануваат да коментираат колку сцената всушност е урнебесна.
Една личност рекла: „Ова требаше да го задржат во филмот“, додека пак друга додала: „Зошто ова првпат го гледам по 30 години?“, а една тиктокерка напишала дека сака да ја види режисерската визија на филмот.