На сликата има 16 кругови, но речиси никој не може да ги види: Една од најдобрите оптички илузии – само 1 отсто од луѓето можат да ја дешифрираат

Точка

02/12/2022

14:56

10.760

Големина на фонт

а а а

Погледнете ја една од најдобрите оптички илузии од 2006 година, а истата и денес ги интригира луѓето. Сè што треба да направите е да ги пронајдете круговите меѓу квадратите.

Добро погледнете ја оваа илустрација. Гледате правоаголници и квадрати, зарем не? Не. На неа се наоѓаат и 16 кругови, но речиси никој не може да ги види. Всушност, практично никој. Одвај само 1 отсто од луѓето на илустрацијата гледаат кружни облици, а дали и вие сте меѓу нив?

Оваа оптичка илузија станала вирална ширум светот, а ја смислил Ентони Норси од Институтот Смит Кетлевел за истражување на очите во 2006 година.


Оваа илустрација е во потесниот избор за илузија на година. Се нарекува „илузија на кутии“ поради тоа што квадратите и правоаголниците изгледаат како да имаат длабочина и лице на кутии.

На прв поглед ги гледате кутиите направени од бели, сиви и црни линии на сликата. Но, на сликата се скриени и 16 кругови. Доколку и вие сте во поголемиот дел од луѓето кои не ги гледаат, еве мала помош. Фокусирајте се на вертикалните линии на спојот на кутијата и круговите би требало да се појават...

Мајк Батриста од „Cambridge Brain Sciences објаснил:

„Секако, илустрацијата воопшто не содржи кругови – само исенчани линии распоредени во шаблон. Вашиот мозок е тој којшто го претвора овој образец во нешто кохерентно. Тоа што се смета за фасцинантно е кога еднаш ќе ги воочите круговите, повеќе нема да може да не ги гледате“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг