(Видео) „Tesla“ го претстави својот прв камион на батерии, товарното возило го коментираше и Илон Маск

Точка

02/12/2022

12:32

10.648

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Tesla“, која се занимава со производство на електрични возила, вчера го претстави својот прв камион на батерии „Semi Truck“, речиси три години подоцна од тоа што е првобитно најавено.

Илон Маск вчера го презентирал „Semi Truck“ на настан во Невада.

„Изгледа како да дошол од иднината“, рекол Маск, а пренесува „Deutsche Welle“.

Маск, кој се појави на сцената на настанот во фабриката на „Tesla“ во Невада, рекол дека камионот за долги релации на батериски погон ќе ја намали емисијата на штетни гасови на автопатите и ќе ги надмине постоечките дизел модели во поглед на силата и безбедноста.

„Ако сте возач на камион и го сакате најопасниот камион на автопатот, тоа е тоа“, рекол Маск, истакнувајќи дека минале пет години откако „Tesla“ најави дека развива целосно електричен камион.

Маск прв пат го претстави прототипот на „Semi“ во 2017-та година, и изјави дека ќе се појави на пазарот во 2019-та година. Изгледа дека дошло до одложување поради проблемите со ограничувањето на батериите. Маск изјавил дека „Semi“ може да мине околу 800 километри ако влече товар од 37.000 килограми. Ограничувањето на неговата тежина дозволува товар од преку 14.969 килограми. Додал дека овој камион има три пати поголема сила од тие на дизелски погон.

Сепак, експертите во индустријата и натаму се скептични во поглед на тоа дали електричните камиони на батерии можат економично да го поднесат напорот да влечат тешки товари стотици километри. Произведувачите на „Semi“ со погон на водород ја довеле во прашање исплатливоста на „Semi“ на батерии.

Тврдат дека за превозници на долги релации полнењето на овие огромни батерии ќе трае многу долго и дека е подобро да се користат камиони на водород. Засега не е познато колку ќе чини овој камион. Обично електричните камиони чинат околу 70 проценти повеќе од оние на дизел. Меѓутоа, тие се долгорочно многу поекономични, кога се гледа на заштедата на гориво и цената за одржување.

Маск изјавил дека другите, идни возила ќе ја користат технологијата на погонскиот склоп развиен на „Semi“, но не дал детали.

„Semi“ користи три електромотори развиени за „Tesla Model S“, од кои само еден е вклучен при возење на автопат, а два се во резерва кога камионот треба да забрза, факт кој камионот го прави енергетски поефективен, рекол Маск.

„Оваа работа има луда сила во однос на дизелските камиони. Во основа тоа е како слон да се движи како гепард“, рекол милијардерот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг