Додека ѝ мавташе низ насмевка сопругата го „стрелаше“ со поглед: Еве која е убавата Бразилка на која најмоќниот човек во Катар не ѝ одолеа

Точка

01/12/2022

20:15

12.644

Големина на фонт

а а а

Поранешниот катарски емир, шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани во текот на вчерашниот натпревар ѝ мавташе на некоја Бразилка, а сега се дознало и за кого станува збор.

По вчерашниот натпревар меѓу Бразил и Швајцарија на Светското првенство во Катар, шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани стана вистинска сензација на интернет.

Имено, за време на натпреварот навивачка на Бразил снимила дел од атмосферата од трибините, а при таа прилика шеикот ѝ мавна. Сето тоа го забележала неговата сопруга Моза бин Насер која го „стрелаше“ со поглед.

Инаку, шеикот Хамад бин Калифа е еден од најмоќните луѓе во Катар, има три сопруги и 13 деца, а поради тоа што симпатичното видео набрзо го обиколи светот сите се запрашале која е убавата Бразилка.

Седир Соарес е поранешна манекенка и модел која по успешната кариера се насочила кон претприемништво. Таа отворила своја агенција за модели „Studiо Desiree Soares“ која низ годините успешно работи.

Покрај тоа таа е многу позната и во светот на фудбалот поради тоа што низ годините е во брак со спортскиот новинар Галвоа Буене. Сите заклучиле дека таа на трибините се нашла заедно со својот сопруг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг