Хит на социјалните мрежи! Од „кич“ ќе ве заболи глава - ваква куќа не сте виделе никогаш!

Точка

01/12/2022

17:23

13.431

Големина на фонт

а а а

Маж стана хит на социјалните мрежи поради неверојатниот ентериер.

Социјалната мрежа ТикТок доживеа голем бум, а многумина ја сметаат за една од најпопуларните во моментов, бидејќи нејзината содржина е навистина разновидна.


Корисниците ја користат оваа платформа за споделување совети за нега на лице, нега на кожа, нега на коса, како и љубов и психолошка нега. Многумина ја користат идентично како приказните на Инстаграм, а има и такви кои ја прикажуваат својата приватност.

Па така, еден човек, кој на ТикТок се претставува како Искендер Курт, стана вистински хит кога отворил профил и го покажал својот дом во неколку видеа. Неговата куќа стана фокус на коментирање на социјалните мрежи откако тој покажа дека никогаш не му е доста од злато и мермер.


Во видеата тој го покажува секој агол од својот „кич“ дом. Прошетал низ својата трпезарија каде на секое столче, како и масата, има украсно дело, додека завесите се исто така впечатливо сини, а освен тоа, цело време се прскал со парфем.

А неговата дневна соба, пак, е сцена за паметење - има насликан таван на кој е прикажано небото. На ѕидот има и златни слики, како и богато украсена масичка за кафе. Спалната соба, се разбира, има огромен кревет со уште поголема покривка, заедно со луксузна постелнина, а сето тоа дополнително го зачинил со своето присуство - легнувајќи без маица на креветот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг