(Видео) Се фалел со „Ferrari“, а возел „Toyota“

Точка

01/12/2022

13:50

11.480

Големина на фонт

а а а

Сите ние веројатно во еден момент сме посакале да имаме „Ferrari“, па сме сфатиле дека тоа веројатно никогаш нема да се случи, и сме се завртеле кон други сништа.

Меѓутоа, еден Италијанец сакал само „Ferrari“, па одлучил својата „Toyota MR2“ да ја претвори во „F430“, но оваа приказна нема среќен крај, бидејќи полицијата го запленила возилото.

И иако сме гледале како реплики често испаѓаат лошо, овој „F430“ изгледа доста добро.

На задниот дел е ставен стаклен поклоп преку кој се гледа моторот, а знакчето на „Ferrari“ се наоѓа на сите важни места. Меѓутоа, токму тие „коњи“ го чинеле овој Италијанец сиот труд, бидејќи финансиската полиција го сопрела автомобилот поради проверка, наведува „Jutarnji List“.

Полицијата открила дека всушност станува збор за „Toyota MR2“ на која се наоѓаат бројни надворешни додатоци кои се дизајнирани за возилото да изгледа како „Ferrari“, по што одлучиле да го запленат. Логоата и механичките делови како бандажите и делови од каросеријата се заменети да ги реплицираат оние произведените во Маранело од 2004-та до 2009-та година.

Повикани биле и вештаци кои го потврдиле фалсификатот, автомобилот бил запленет, а сопственикот добил пријава поради неовластено користење на заштитените симболи, иако конверзијата ја направил само за себе, и не станувало збор за продажба или измама на други купувачи.

Сеедно, италијанската полиција не се грижела многу за трудот на сопственикот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг