Што жените забележуваат прво кај мажите, а што мажите кај жените?

Точка

30/11/2022

19:35

26.468

Големина на фонт

а а а

Постојат бројни теории во оваа тема. Антрополог од Универзитетот Оксфорд Ана Мишин, при собирање податоци за својата книга „Зошто сакаме“, дошла до интересен заклучок.

Резултатите од ова истражување кажуваат дека жените на мажите еволуциски прво го гледаат обемот на рамената и струкот. Пожелно е рамената да бидат широки, да составуваат т.н. триаголник, така што струкот да биде потесен. Тоа што припадничките на поубавиот пол исто така го сакаат е лицето на мажот да биде симетрично. Тоа е знак на добри гени и показател дека тој може да ја заштити жената и да биде посветен на семејството.


Припадниците на посилниот пол кај жените прво ги забележуваат колковите. Најидеална градба за мажите е онаа во облик на пеосчен часовник. Потесниот струк и широките рамена кажуваат дека жената е здрава и плодна.

Овој ескперимен бил правен во Тексас во 2015 година и покажал дека фокусот кај мажите и кај жените бил прво на стомакот, односно во пределот на дијафрагмата. Ова истражувањет тврди дека при изборот на потенцијален партнер обемот на струкот и колковите е една од првите информации која ја обработува нашиот мозок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг