Му го покажала меѓуножјето на странец, лажирала оргазам: Славната актерка отворено проговори за жешки теми и за сексот во лифт со колега...

Точка

30/11/2022

16:35

17.823

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Скарлет Јохансон никогаш не молчела за својот сексуален живот. Секс иконата на „Avengers“ во текот на годините изнела многу работи од приватниот живот.

Од случајно покажување на интимното подрачје до соочување со гласините дека имала секс во лифт, русокосата убавица слушнала многу работи кои колегите во медиумите ги кажале за неа.

Јохансон дури споделила и дека им е лута на жените кои ја осудуваат во јавноста поради тоа што отворено зборува за сексот.

„Не сакаш да чуеш како звучиш додека доживуваш оргазам“

Актерката во текот на една прилика открила дека нејзиниот колега Хоакин Феникс морал да побегне од филмскиот сет откако ја чул нејзината бизарна снимка од лажен оргазам.


Во поткастот „Armchair Expert“, Скарлет открила: „Се обидовме да снимиме сè одеднаш, но Хоакин мораше да си замине од сетот. Замина од студиото. Му требаше одмор“.

Имено, во текот на снимањето на филмот ликот на Хоакин се заљубува во телефонскиот систем на Скарлет во стилот на Сири и слуша како парот споделува бурен секс по телефон. Скарлет признала дека снимањето било одвратно, додавајќи: „Дефинитивно не сакаш да чуеш како звучиш кога доживуваш оргазам, фуј“.

Актерката случајно, премногу открила и во физичка смисла поради тоа што на Џими Кимел му признала дека еднаш го покажала интимното подрачје на странец.

Имено, тогаш Дејв Батиста, Данај Гурир, Том Хидлстон, Скарлет и Марк Рафало биле тестирани колку добро се познаваат при што водителот чита изјави на одредени актери, а останатите морале да погодуваат.


Како што било откриено, Скарлет во една прилика го покажала своето интимно подрачје на странец во тоалет во авион.

„Сепак, беше ненамерно. Очигледно. Во авион го користев тоалетот, како што се прави, и веројатно не ја заклучив вратата. Се случи... Не знам, мислев дека сум заклучила. Станав да земам тоалетна хартија и ми се виде цело интимно подрачје“, раскажала актерката тогаш.

Секс во лифт со актер?

Претходно годинава Скарлет била принудена да демантира дека имала интимен однос со актерот Бенисио дел Торо во лифт во хотелот „Chateau Marmont“ во Лос Анџелес во 2004 година.

Гласините прв ги започнал Бенисио во 2005 година во интервју за „Esquire“ кога го прашале за Скарлет. Тој го повторил прашањето кое го добил и почнал за зборува:

„Дали некогаш сум имал секс со Скарлет во лифт по доделување на награди? Некако ми се допаѓа, знаеш... Па... Не знам. Да го оставиме тоа за нечија фантазија. Да не го промовираме тоа. Сигурен сум дека тоа веќе се случило. Можеби не е ниту последен пат“.


Скарлет конечно одговорила на тие гласини 17 години подоцна велејќи во поткастот:

„Кога бев млада, беше прифаќање да се пишуваат гадни, лоши работи за младите актерки.

Тоа беше приказна која ме следеше долго време. Тоа е многу краток период, логиката на тоа ми се чинеше така непривлечна. Јас сум личност која се ужаснува да ја „уловат“ да прави нешто што не треба. Па, таа приказна ми е апсурдна“.

„Кога жените зборуваат за уживање во сексот, тоа е...“

Во интервју во 2017 година Скарлет отворено зборувала за тоа дека таа е холивудски секс-симбол, со тоа признала дека не сака двојни стандарди кога жените зборуваат за секс.

„Кога жените зборуваат за уживањето во сексот тоа е речиси забрането. Само доколку имате здрав сексуален став, ве етикетираат како распуштена, дива кучка. Немате морал и ве доживуваат како некаков сексуален девијант или некој којшто не може да биде во моногамна врска“, изјавила актерката за „Cosmopolitan“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг