Еве што може најновото „Lamborghini“

Точка

30/11/2022

15:18

10.722

Големина на фонт

а а а

„Lamborghini“ конечно објави и технички информации поврзани со „Sterrato".

Веќе имавме можност да сведочиме за визуелните промени на првата теренска верзија на суперспортскиот „Huracan“, а сега од компанијата одлучија да споделат и некои конкретни информации. За ова „Ламбо“ да може воопшто да дојде до асфалтот, потребно било да се крене. Со 44 милиметри поголемо растојание од површината, "Starrato" е на некои 180 милиметри од подлогата, а тоа значи дека е на ниво на просечен личен автомобил. И така ќе остане, бидејќи изгледа нема можност за промена на висината како кај ривалот од „Porsche“, моделот „911 Dakar“.


Ако посака сопственикот малку да go извалка своето „Lamborghini“, тоа може да го направи без многу грижи. Подот е заштитен со алуминиумски панели, а автомобилот се испорачува со теренски гуми „Brigerston Dueler AT002′ со дијаметар од 19 инчи и ширина од 235 од напред и 285 од назад. Не е проблем ни ако се дупнат, бидејќи „run flat“ гумите ви овозможуваат да возите уште 80 километри со брзина до 80 км/ч.


„LDVI“ селекторот има „рели“ опција, што ќе овозможи да се оправда оф-роуд изгледот со заштитни браници со дополнително светло. Треба да се каже дека 5.2 V10 моторот тука дава 610 коњски сили како основниот „Huracan“ со погон на задните тркала, но максималниот вртежен момент од 565 Nm е на исто ниво со перформансите на STO, но под перформансите на Evo. „Sterrato“ е потежок од споменатата „Evo“ изведба, а станува збор 1.470 килограми.


Кажаното објаснува зошто на оваа изведба и се потребни „дури“ 3,4 секунди да достигне 100 км/ч. Сепак, поочигледна е разликата во максималната брзина, која од 320 км/ч сега е ограничена на 260 км/ч.


Погледот во кабината сè уште не е дозволен, но откриено е дека ќе соработуваат најновите генерации на „infotainment“ со можност за поврзување со екстремни уреди вклучувајќи „Apple Watch“, опција за домашна телеметрија и „Amazon Alexa“.

Цената и натаму е непозната, а првите испораки стартуваат во февруари следната година. Производството е лимитирано на 1.499 примероци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг