(Видео) „Нема да биде волку насмеан кога ќе дојде дома“: Шеикот весело ѝ мавтал на бразилска навивачка, реакцијата на неговата сопруга е хит

Точка

30/11/2022

10:30

17.586

Големина на фонт

а а а

Во текот на натпреварот помеѓу Бразил и Швајцарија, една бразилска навивачка ја снимала публиката, а во еден момент шеикот ѝ се насмевнал и весело ѝ мавнал, што очигледно не ѝ се допаднало на неговата сопруга.

Снимката стана хит на социјалните мрежи, а сите ја коментираат реакцијата на сопругата на шеикот.

Шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани е поранешен катарски емир, а неговото богатство се проценува на повеќе од 2 милијарди долари. На неговата сопруга Моза бин Насер не ѝ се допаднало кокетирањето со навивачката, па му упатила строг поглед на сопругот.

„Мислам дека нема да биде волку насмеан кога ќе дојде дома“, „Погледнете го нејзиното лице, не е добро“, „Се чини дека е љубоморна“, гласат дел од коментарите под објавата.


Инаку, Моза е позната како дама со истанчен стил, поради што во 2015 година е прогласена за една од најдобро облечените жени на светот, а сите ги воодушеви и со своето појавување на отворањето на Светското првенство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг