Изненадувачки резултати: Научниците откриле што 2 лажички мед на ден можат да направат за организмот

Точка

30/11/2022

22:08

19.547

Големина на фонт

а а а

Новото истражување покажало дека медот може да го регулира нивото на шеќер и холестерол во крвта.

Оваа студија е објавена во научното списание „Nutrition Reviews“, а ја спровеле научници од Универзитетот во Торонто.

Истражувачите се фокусирале на 18 различни контролни испитувања кои вклучувале повеќе од 1100 испитаници и траеле во просек околу 2 месеци. Тие сакале да утврдат какво и колкаво влијание има медот врз кардиоваскуларните метаболички фактори на ризик.


Резултатите покажале дека медот има позитивно влијание на здравјето на срцето, односно поволно влијае на нивото на шеќер во крвта и холестеролот.

Испитаниците во главно консумирале околу 2 полни лажички мед дневно, но било забележано дека сировиот мед е оној кој пружал многу повеќе корист. Од друга страна, преработениот мед не е толку ефикасен кога станува збор за здравствените придобивки. Инаку, сировиот мед е мед кој е апсолутно природен, непроцесиран, непастеризиран, нефилтриран и без никакви дополнителни обработки.

„Овие резултати се изненадувачки, со оглед дека медот е отприлика 80 отсто шеќер. Но, медот воедно е сложена композиција на шеќер, протеини, органски киселини и други вообичаени и ретки биоактивни соединенија кои се многу корисни за здравјето“, велат истражувачите.


„Медот е богат со антиоксиданти кои се добри за здравјето на срцето. Содржи флавоноиди кои имаат способност да го спречат создавањето на крвни згрутчувања, но и фенолни соединенија кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и ги штитат клетките од оксидативен стрес“, вели диететичарката Кетрин Хервасио.

Експертите велат дека 1 до 2 лажички сиров мед на ден се доволно за да ги добиете сите хранливи материи кои се потребни за оптимално здравје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг