Потрошиле шест цистерни вода за да изгаснат пожар на „Тесла“

Точка

29/11/2022

16:25

10.293

Големина на фонт

а а а

Електричните автомобили се помалку склони кон самопалење од бензинците, но кога ќе се запалат, обично им нема спас.

За тоа најдобро зборува новиот пример од автопат во Пенсилванија, САД. Тамошните пожарникари добиле повик поради пожар на автомобил до кој наводно дошло откако автомобилот удрил во некој предмет на патот.

Веднаш по ударот од возилото почнал да излегува чад, тврди патникот кој во истиот момент излегол од автомобилот.

Пожарот на „Tesla Model S“ почнал да брзо да се шири, така што дури ни пожарникарите не успеале да го сопрат. Брзо ги испразниле двете цистерни со околу 15.000 литри вода, за потоа на помош да повикаат дополнителни противпожарни единици.

"TESLA FIRE"


At approximately 1055 am, Clearfield County 911/Emergency Management Agency alerted the Morris Twp Fire...

Posted by Morris Township Volunteer Fire Company #1 on Tuesday, 15 November 2022

Вкупно потрошиле преку 45.000 литри вода за да го изгаснат пожарот на автомобилот, односно на тоа што останало од него.

„Поради литиум-јонската батерија во возилото, гасењето на овој пожар бараше дополнителни цистерни бидејќи возилото продолжи одново да се пали на моменти бурно да гори“, стои во објавата на противпожарното друштво кое го гасело пожарот.

Како што се наведува во соопштението, за гасење на пожар на обичен автомобил доволни се нешто помалку од 2.000 литри вода.

Во конкретниот случај, „Tesla“ буквално изгорел до непрепознатливост. Ако не се тркалата, тешко дека воопшто може да се заклучи дека тоа само пред два часа било автомобил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг