(Фото) „Рос очигледно има нов повик“: Судија на СП стана хит поради неговиот изглед - што велите за ова?

Точка

29/11/2022

15:00

4.486

Големина на фонт

а а а

Шпанската фудбалска репрезентација пред неколку дена брилираше на натпреварот против Костарика, постигнувајќи неверојатен резултат од 7:0.

Меѓутоа, некои дури сега забележале интересен детаљ од овој натпревар, кој не бил во преден план при интересната „пресметка“.

Иако Шпанија се појави во Катар со подмладен состав, тимот од првата до последната минута фуриозно го одигра натпреварот против Костарика.

Ross Geller has a new career

Posted by Football Funnys on Понеделник, 28 ноември 2022

Само неколку дена по натпреварот, љубителите на овој спорт, но и она што се случува кога топката мирува, забележале симпатичен детаљ кој набрзо стана вирален на Интернет.

Станува збор за главниот судија на овој натпревар, Мохамед Абдула, кој во еден момент многу луѓе ги потсетил на еден од омилените ликови од серијата „Пријатели“, Рос Гелер. Неговата фотографија набрзо се прошири на социјалните мрежи.

„Рос очигледно има нов повик“, гласи описот на фотографијата која се појави на профил на Фејсбук.

Многумина во коментари велат дека сличноста на Мохамед со актерот Дејвид Швимер е неверојатна.


Сепак, изгледа дека Абдула само во моментот од фотографијата потсетува на Рос. Многумина забележале дека во реалниот живот тој воопшто не наликува на познатиот актер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг