Три земјотреси утринава ја стресоа Грција, почувствувани и во Атина

Нетпрес

29/11/2022

08:28

4.346

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава околу 6:30 часот е регистриран во близина на грчкиот остров Евиа.

Земјотресот бил почувствуван и во Атина.

На истото подрачје, околу еден час подоцна се регистирани уште два потреси со јачина од 4,1 и 4,2 степени.

Епицентарот на првиот земјотрес бил во морето, на пет километри од Евиа на длабочина од 13,3 километри.

Засега нема информации за евентуално повредени лица или причинета материјална штета.




Спонзорирани линкови

Маркетинг