Божиќниот пост со кој православните верници се подготвуваат за прославата на раѓањето на Исус Христос започнува денеска, а завршува на 6 јануари, 2023 година.
Според правилото, во среда и петок се пости на вода, додека другите денови е дозволено да се користи масло. Со оглед на тоа дека постот трае цели 40 дена, за вас ќе подготвуваме посни рецепти кои ќе ја красат вашата трпеза.
На денешното мени е ослич – вкусна риба која не е многу тешка за подготовка.
- 1 килограм ослич;
- 1,5 лажичка сол;
- 1 лажичка суви зачини;
- 100 гр. пченкарно брашно;
- 1 лажица црвен пипер.
Рибата убаво измијте ја, па пресечете ја на половина и исчистете ја. Во сад измешајте брашно, сол, црвен пипер и суви зачини.
Исечете ја рибата на неколку парчиња, па секое парче превртете го во мешавина од брашно и зачини.
Во плех ставете хартија за печење, па наредете ги парчињата риба.
Ставете го плехот во загреана рерна и печете ја рибата 20 минути на 200 степени.
По 20 минути извадете го плехот од рерна, па свртете ја рибата на другата страна и печете ја 15 минути.
Кога ќе биде готова, послужете ја рибата со помфрит, салата и омилениот посен сос.
На здравје!