Мараја Кери неодамна настапувала на парада по повод американскиот Ден на благодарноста, а сега на социјалните мрежи се појави видео од нејзиниот настап, на кое се гледа дека пејачката користи телепромотер за време на нејзината изведба на All I Want for Christmas Is You, една од најпопуларните божиќни песни на сите времиња.
Видеото од настапот го објави ТикТокерка со корисничко име @sydneybarinas, која забележала огромен екран на парадата надвор од видното поле на камерата. На него биле прикажани стиховите на божиќната песна што Кери ја пеела во тој момент.
„Да, Мараја Кери користи телепромотер за текстот на своите најпознати песни“, напишала Тиктокерката покрај видеото кое досега е прегледано повеќе од 6 милиони пати. Видеото се појавило откако обожавателите ја обвиниле пејачката дека пее на плејбек.
Инаку, песната All I Want for Christmas Is You трета година по ред е на врвот Билбордовата листа „Hot 100“.
LADbible пишува дека ова достигнување е неверојатно ретко со оглед на тоа дека песната е стара речиси три децении. Божиќната песна на Кери минатата година освои и награда од Асоцијацијата на издавачката индустрија на Америка.
The Economist пишува дека до минатата година пејачката заработила повеќе од 72 милиони долари на песната што излезе пред 28 години. Ако песната биде исто толку популарна и оваа година, нејзината заработка од божиќниот класик може да порасне на 75 милиони долари, велат тие.