Кетрин Зета Џонс (53) и Мајкл Даглас (78) се запознале во 1998 година, а од 18-ти ноември 2000 година се во брак и имаат две деца, синот Дилан и ќерката Кејрис.
Познатиот актерски пар е роден на ист ден, 25-ти септември, само се 25 години разлика.
Дека не е секогаш сè како што треба, говори и фактот дека Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас раскинале накратко во 2013 година, по неговата борба со канцерот на јазик и нејзината дијагноза за биполарно нарушување.
Тие набрзо сфатиле дека не можат еден без друг, па наредните години се смириле. За разните фази во нивниот брак актерката неодамна зборувала во најновото интервју за британски „Telegraph“.
„Не е можно да помине без подеми и падови доколку живеете со иста личност и со неа сте секој ден. Се будам покрај Мајкл речиси 25 години. Сакам да бидам во брак, но кога ќе размислам за тоа, тоа е луда работа“, изјавила актерката.
Во таа прилика сопругата го споредила својот сопруг со моден аксесоар, а тоа сите ги изненадило.
„Сакаш ли да се венчаш за мене? Секако! Но, потоа за тоа размислувате како за чанта од „Шанел“ на која сте потрошиле цело богатство, а всушност повеќе не ви се допаѓа, па ја нудите за понатамошна продажба“, вели актерката.
Без оглед на турбулентната врска, актерката истакнува дека Мајкл и таа всушност се одлични во бракот, дека меѓусебно многу се почитуваат и дека никогаш немаат проблем со тоа што тој е 35 години постар од неа.
„Се сеќавам кога луѓето зборуваа дека кога ќе имам 50 години, тој ќе има 75 години, но тоа е само математика“, вели славната актерка.