(Фото/Видео) „Ferrari“ произведе болид од „Gran Turismo“

Точка

28/11/2022

16:36

9.694

Големина на фонт

а а а

„Ferrari“ одлучи да го одбележи 25-тиот роденден на популарната видео-игра на посебен начин.

Дигиталниот болид „Vision Gran Turismo“ на „Ferrari“ го виде светлото на денот. Станува збор за едносед со драматичен изглед во кој се е подредено на перформансите, а прототипот ќе биде изложен се до март идната година во музејот на „Ferrari“ во Маранело. Ако сакате да го возите, ќе можете од 23-ти декември, кога „Gran Turismo 7“ доаѓа на „Playstation“.

Тоа што Флавио Манцони и „Ferrari Centro Stile“ го осмислиле, тешко е да се собере во неколку реченици. Тука има се, од историски тркачки болиди како „330 P3“ и „512 S“, па се до футуристички детали кои го „редефинираат стилскиот јазик на компанијата“, стои во соопштението.

За разлика до конкуренцијата од „Porsche“ и „Jaguar“, во „Ferrari“ не одлучиле да имаат чисто електричен погон. Централно поставениот 3.0 V6 твин-турбо мотор од 296 GTB сега дава 1030 коњски сили и 900 Nm, а на него се надоврзува хибриден погон со три електромотори и вкупни 326 коњски сили.


F1 технологијата и погонот на сите тркала овозможуваат спринт до 100 км/ч за помалку од 2 секунди, 200 км/ч за помалку од 5 секунди и максимална брзина од 350 километри на час.




Спонзорирани линкови

Маркетинг